Флик: На почетокот на сезоната, никој не замислуваше што ќе постигнеме

Барселона под водство на Ханси Флик ја игра една од најдобрите сезони во својата историја. Каталонскиот клуб веќе освои два трофеи, а е во битка за уште два, оние во шпанското првенство и Лигата на Шампионите.

За „ушкото“ потребна е победа над ривалот Интер во Милано во реваншот од полуфиналето, натпревар пред кој за медиумите говореше германскиот стратег.

„Би сакал да го видам мојот тим како ужива и го извлекува максимумот од овој натпревар. Се надевам дека ќе играме како обединет тим. Секако треба да се прилагодиме на одредени работи, но за тоа ќе видиме утре. Дали треба да вршам притисок врз тимот? На почетокот на сезоната, никој не замислуваше што ќе постигнеме. Имаме две титули и сакам тие да ја докажат својата вредност. Имаме играчи да ги заменат повредените. Целиот тим расте во натпревари како овој со Интер. Треба да уживаме во полуфиналето и да играме заедно. Момците ја сакаат конкуренцијата“, изјави Флик.

Се вчитува...