Поранешниот германски селектор и актуелен тренер на Барселона, Ханс Флик изјави дека нема намера да си оди од тимот, и дека тука ќе ја заврши тренерската кариера.
И покрај тоа што се појавија шпекулации за евентуално заминување во друг клуб во следните години, сепак, Германецот ги отфрли сите шпекулации.
„Не размислувам да се приклучам на друг клуб, или такво нешто. Барселона ќе ми биде последен клуб и последна работа во кариерата. Јас сум среќен во Барселона“, рече Флик.
Тој кажа дека во Барселона не се гледаат само резултатите.
„Барселона не е само да победуваш, туку како ќе го правиш тоа, на каков начин“, коментираше Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

