Флик: Нема да менувам од корен, не сакам да се браниме и да победуваме со по 1-0

Се поголем е притисокот врз Ханси Флик откако Барселона одигра уште еден слаб меч во кој едвај стигна до реми на гостувањето против Бриж (3-3). Каталонците три пати губеа и успеваа да стигнат до израмнување, во судиското продолжение ВАР ги спаси од примање и на четврти погодок, слабостите во одбраната беа очигледни во текот на сите 90 минути, но Флик јасно стави до знаење дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија поради лошото функционирање на дефанзивната линија.

Германскиот стратег во изјавата по мечот децидно порача дека нема да го менува концептот што му ја донесе титулата ланската сезона, без оглед на проблемите со кои се сочува во последните месеци.

„Натпреварот не беше лесен, креиравме шанси, но тие играа многу добро. Беа агресивни, а потоа го користеа просторот… Би сакал да нагласам една работа, ние сме Барселона и играме согласно стилот што овој голем клуб го игра низ целата своја историја. Можеме да зборуваме како се треба да се промени од корен, но тоа нема да е случи, јас не сум таков тренер. Никогаш нема да видите аако сите се браниме во нашата половина и победуваме со по 1-0, со гол од контранапад. Остануваме доследни на нашата филозфија и верувам дека и резултатите ќе дојдат наскоро. Три пати се враќавме од негатива, игравме одличен фудбал…. секако проблемот со одбраната треба да се реши, но настојувам секогаш да размислувам позитивно. Верувам дека ќе бидеме подобри по репрезентативната пауза, по враќањето на Рафиња, Педри и Жоан Гарсија“, истакна Флик.

Се вчитува...