Флик нема милост: „Спакувај ги куферите и оди си“

И покрај тоа што прави чуда со Барселона, тренерот Ханс Флик планира да направи мал „рез“ во летниот преоден рок, со тоа што некои фудбалери ќе си заминат, а ќе дојдат други. Една од позициите која е најкритична е деснатата бековска, каде што „царува“ Жил Кунде.

Шпанските медиуми пишуваат дека Кунде нема конкуренција, и поради тоа Флик се одлучува да не ризикува со таа позиција. Токму на оваа позиција замена за Кунде треба да биде Хектор Форд. 18-годишниот тинејџер, сепак, не го убедил Флик во неговите квалитети, па според медиумите, тој веќе му соопштил да ги спакува куферите и да си замине по завршување на сезоната.

Флик истото претходно наводно му го соопштил и на Ансу Фати, кој остана во клубот, но доцна сфати дека Германецот не се шегува кога му го соопштил тоа.

Флик за Форт смета дека има уште многу да учи, па го советувал да замине во друг клуб за да има поголема минутажа и да се развива. На последните седум меча, Флик не ни беше воопшто во тимот на Барселона, и тоа е доволен знак за разделба.

Се вчитува...