Икај Гундоган, репрезентативецот на Германија по само една сезона помината во редовите на Барселона комплетираше трансфер назад во редовите на Манчестер Сити.
Искусниот играч од средниот ред пристигна во каталонските редови како големо засилување, а и покрај тоа што имаше значајна улога претходната сезона, во потрага по минутажа се врати назад во Англија. Целата ситуација сега ја прокоментира неговиот доскорешен тренер во Барселона, Ханси Флик кој добро го познава и од германската репрезентација.
„Гундоган сакаше да му помогне на клубот, но се предомисли и одлучи да не остане ушет една сезона. Во секој случај за овој фудбалер можам да кажам само добри работи. Тој е сјајна личност и фудбалер“, вели Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА