Промените во редовите на Барселона по превземањето на тимот од страна на Ханси Флик продолжуваат. По заминувањето на Серхи Роберто, германскиот стручњак отпиша уште двајца фудбалери, пренесуваат шпанските медиуми.
Еден од нив е и Ансу Фати, 21-годишниот напаѓач кој не го импресирал Флик во подготовките за новата сезона. Фудбалерот кој има откупна клаузула од една милијарда евра во договорот може да замине на позајмица или пак да биде продаден.
Во плановите на Флик за новата сезона не е ниту Витор Роке кој пак пристигна во каталонските редови како големо засилување, но не ја доби минутажата која ја посакуваше. За негов ангажман постои интерес од Саудиска Арабија, но тој одбива да замине на егзотичната дестинација што е сериозен проблем за финансиските амбиции на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

