Големото дерби на „Ноу Камп“ помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, му припадна на домашниот тим со 3-1, кој со оваа победа го задржа лидерското место на табелата. „Каталонците“ добро се намачија да дојдат до триумф, со оглед дека гостите имаа предност.
По мечот тренерот на домаќините Ханси Флик беше пресреќен од играта на неговите пулени.
„Ова беше фантастичен меч. Жеското се боревме, за да победиме еден фантастичен тим. Успеавме да ја контролираме топката и да најдеме простор меѓу линиите на противникот, што беше многу важно. „Мислам дека ова беше еден од нашите најдобри мечеви. Навистина ми се допадна тоа што го видов на теренот. Заслужено победивме. Ова беше тој чекор напред што го барав. Денес бевме многу добри, подобри во секој аспект. Штета што не го реализиравме пеналот, но покажавме дека не се предаваме и по тој промашен удар. Горд сум на тоа што го видов“, вели Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

