Флик: Ова е голем трофеј за Барселона

Барселона го освои првиот трофеј во сезоната и тоа на најсладок начин со триумф во натпреварот против вечниот ривал Реал Мадрид.

Задоволството од триумфот не го криеше Ханси Флик кој го освои осмиот трофеј во осмиот финален натпревар како тренер.

„Одлично е, ова беше важно финале. Натпреварите против Реал Мадрид секогаш се големи. Горд сум, игравме така како што сакав“, изјави Флик кој имаше и посебна пофалба за херојот Рафиња кој постигна два голови.

„Тој е потценет. Фантастично е што се врати. Многу е важен за нас бидејќи игра со голем интензитет, а кога ќе почне да врши пресинг, ги тера и останатите да притискаат. Неговиот менталитет е импресивен“

Се вчитува...