Флик: Ова е стилот кој сакаме да го негуваме

Повторно Барселона за краток период успеа да постигне пет гола на гостувањето кај Валенсија. Сега Каталонците убедливо го совладаа тимот на Валенсија во натпреварот од Купот на Шпанија, но овојпат на „Месталја“.

Тренерот на Барселона Ханси Флик пред натпреварот со Севилја кој е закажан за утре говореше за начинот на кој игра неговиот тим.

„Многу сум среќен за тимот, создадовме многу шанси и ги искористивме. Таков стил сакаме да играме, секогаш гладуваме за следниот гол. Кога играме во ова темпо и со оваа млада екипа, секогаш се трудиме да постигнеме што повеќе голови“, изјави Флик кој сега со Барселона го очекува дуел со Севилја. 

Се вчитува...