Барселона со 6-1 вчера славеше триумф над Олимпијакос во третото коло во Лигата на шампионите. „Каталонците“ со три гола на Фермин Лопез, два на Рашфорд и еден на Јамал, стигнаа до трите бода пред дерби натпреварот со Реал Мадрид во шпанската Ла Лига.
Тренерот на Барса, Ханс Флик истакна задоволство од триумфот, и кажа дека ова е добродојдено за неговаа екипа пред „Ел Класико“.
„Имавме некои проблеми, но ја заслуживме победата. Секој гол и секоја победа се важни. Фермин Лопез одигра неверојатен натпревар. Постигна три гола, трчаше и играше многу добро. Имам целосна доверба во него. Многу важно е што победивме. Ова треба да ни биде самодоверба пред мечот со Реал Мадрид. Ќе биде фантастичен натпревар, но немаме многу време да се опоравиме и да се подготвуваме за него“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

