Барселона стигна до првиот трофеј во сезоната и тоа во голем стил совладувајќи го големиот ривал Реал Мадрид со убедливи 2-5 во финалето од Суперкупот на Шпанија.
Задоволството не го криеше тренерот на каталонците, Ханси Флик кој изјави дека неговиот тим мора да ја прослави оваа титула, но и додаде дека неговите избраници можат да играат уште подобро.
„Одигравме одличен натпревар. Многу сум среќен бидејќи игравме така добро. Планот кој го поставивме беше испочитуван и во второто полувреме и тоа со играч помалку. Важно е да ја прославиме оваа титула, да бидеме свесни што освоивме, но мораме да бидеме подготвени и за следните предизвици.
Можеме да бидеме уште подобри, имаме млад тим. Неколку недели не игравме добро, ситуацијата во првенството не е добро, но веќе разговаравме за тоа во соблекувалната. Ние сме Барселона и должни сме да напредуваме“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА