Германија е елиминирана уште во групната фаза од СП 2022 за тотално разочарување во таборот на повеќекратниот светски првак. Ова е повторување на фијаското од пред четири години, но тогаш Јоаким Лев го имаше кредит од освоената светска круна во Бразил.
Таква среќа нема актуелниот селектор Ханси Флик, кој според многумина е главен виновник за слабите игри и резултати во Катар, па се очекува во наредните денови да биде сменет од функцијата. Тој на прес-конференцијата по мечот со Костарика одби да одговори дали ќе си поднесе оставка, но затоа фокусот го насочи кон наталожените проблеми на германскиот фудбал во целина.
„Не ме прашувајте за оставка, не можам да ви кажам веднаш. Ова се тешки моменти за сите нас и не сакам да донесувам избрзани одлуки. Она што е јасно и што сите треба да го знаат е дека германскиот фудбал со години се мачи со производство и развој на врвни фудбалри. Па со години нмаме класична „деветка“, ниту пак силни бекови за дуел-игра. Одбраната е сериозен проблем со години наназад, за што никако не успеваме да најдеме решение. Мораме да почнеме да работиме од основата“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА