Флик по киксот против Селта: Одигравме многу лошо

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не беше задоволен од играта на неговиот тим во ремито 2:2 со Селта . Каталонците оставија предност од два гола и примија два гола во период од пет минути. Сепак, според Германецот, неговиот тим се покажал слабо не само во овој период од натпреварот, туку и во сите 90 минути.

Според извештаите од Шпанија, Флик заминал лут во соблекувалната, и им држел лекција на своите фудбалери.

„Одигравме многу лош натпревар. Не се работи само за последните 10 минути. Не ми се допадна нашиот настап во текот на целиот натпревар. Направивме премногу грешки, не ја контролиравме добро топката. Треба брзо да се вратиме на нашето ниво. Немавме никаква контрола, не бевме сигурни со топката во своите нозе, многу ја олеснивме работата на нашиот противник“, рече Германецот на клупата на Барселона.

Се вчитува...