Флик покажа големина: Ги истурка своите играчи кон соблекувалната за да не провоцираат со славје на теренот на лутиот градски ривал (ВИДЕО)

Ханси Флик е вистински херој за Барселона. Тренерот кој успеа да ја врати вербата во тимот со заверка на три трофеи сезонава – освојувајќи ја Ла Лига, а претходно и шпанскиот Суперкуп и титулата во Копа дел Реј.

Малкумина во Барса веруваа во тоа, но Германецот го направи „невозможното“ и создаде победнички тим од Барселона кој синоќа по победата над градскиот ривал Еспањол од 0-2 дојде и до трофејот во Ла Лига.

А, со оглед на големото историско соперништво меѓу двата тима, бидејќи Барселона е клуб на каталонските сепаратисти, а Еспањол на шпанските монархисти, пред натпреварот Ханси Флик, одлучи дека Барселона нема да го слави трофејот на теренот туку беше донесена одлука најбрзо можно да се повлечат во соблекувалните.

Причината е заради безбедносната природа, ако се знае дека пред две години Барселона исто така го осигура насловот пред Реал со победа на стадионот на Еспањол. Тогаш навивачите на жестокиот ривал влегоа на теренот и предизвикаа немири. Барселона се плашеше од уште едно такво сценарио па пред натпреварот најави дека се откажала од нова фешта на стадионот на ривалот.

Но, и по синоќешниот натпревар изби инцидент. Се судрија Балде и Пер Мила. Играчот на Барса го турна ривалот, кој падна на земја, откако Балде се обидуваше да ги турне играчите на Барселона кои славеа кон соблекувалната. Следуваше нова диверзија од страна на Еспањол. За да го нарушат славењето на играчите на Барселона, на стадионот на Еспањол ги вклучија водните прскалки наменети за наводнување на тревникот.

Ханси Флик со јасни гестикулации бараше од своите играчи да покажат почит кон Еспањол и да не слават на теренот на лутиот ривал..

Но, откако виде дека реакциите не носат резултат, ги презема работите во свои раце и почна да ги турка фудбалерите кон соблекувалната.

Се вчитува...