Тренерот на Барселона, Ханси Флик на пресконференцијата за медиуми во пресрет реванш средбата од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Бенфика говореше и за Карлес Минаро Гарсија, докторот на тимот кој ненадејно почина пред дуелот против Осасуна.
На прашање како се носат во Барселона со неговата смрт, германскиот стратег одговори:
„Претседателот во неделата кажа неколку зборови во соблекувалната, а јас разговарав со екипата. Ова е голема загуба за нас. Тој беше неверојатна личност и неверојатен доктор. Беше многу важен за овој клуб, клучна фигура во нашиот тим. Ќе ни недостасува, но таков е животот.
Ќе играме за него и ќе ни биде важно да победиме за него. Подготвенин сме. Мораме да продолжиме, тоа е нашата задача. Тоа е важно за нас како клуб и сакаме да го направиме тоа како што треба“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

