Флик: Пресвртите многу кажуваат за менталитетот, но повеќе сакам први да постигнеме гол

Тренерот на Барселона, Ханс Флик зборуваше за победите на последните натпревари на Барселона. „Каталонците“ во последно време се навикнаа на пресврти во сите натпревари, па така беше и синоќа, кога после 0-1 за Ајнтрахт Франкфурт, на крајот славеа со 2-1 со двата гола на Араухо.

Флик рече дека пресврт победите говорат за карактерот на екипата, но дека повеќе посакува неговиот тим прв да постигнува гол.

„Тешко е да се одговори на ова прашање кои победи се послатки. Од една страна задоволен сум од тоа што се враќаме по негатива. Тоа многу зборува за нашиот менталитет, но понекогаш би било убаво и први да постигнуваме гол. Сепак, благодарен сум на тимот за она што го направија денеска. Игравме фантастично во одбрана и не беше лесно да се создадат шанси“, рече Флик.

Се вчитува...