Барселона со четири гола предност патува во Дортмунд за вториот натпревар од четвртфиналната пресметка против Борусија, но и покрај тоа што предноста е голема тренерот Ханси Флик верува дека неговиот тим не изборил место меѓу најдобрите четири екипи.
Атмосферата во Дортмунд е добро позната за германскиот стратег па знае дека „задачата не е завршена“.
„Резултатот од 4-0 е фантастичен, но не сме уште во полуфиналето. Знам како е да се игра во Дортмунд, знам колку е тешко таму. Фудбалот е непредвидлив, сум видел поголеми пресврти. Мораме да бидеме максимално подготвени, да играме со истата страст и концентрација како во првиот меч. Борусија има брзи играчи и голем квалитет во нападот, па не смееме да дозволиме грешки.
Мојот тим е свесен за предизвикот, и ќе одиме таму да победиме, а не да се браниме. Имаме јасен план, но сега веќе размислуваме и за следните предизвици. Важно е да го задржиме ритамот. Имаме одлична атмосфера во екипата, но мораме да останеме смирени и да работиме напорно. Ова е само прв чекор, има уште многу работа“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА