Барселона со победата над Еспањол во четвртокот ја обезбеди 28. титула во Ла лига. Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, не ја исклучи идејата да избере стартен состав составен целосно од играчи на „Ла Масија“ на денешниот меч против Вилјареал.
Доколку Германецот одлучи да направи таков потег, поставата на Барса би го повторил тоа што Тито Виланова го направи на 25. ноември 2012 година на мечот против Леванте кога настапија: Валдес, Монтоја, Пујол, Пике, Жорди Алба, Бускетс, Чави, Иниеста, Фабрегас, Педро, Меси.
Барса победи со 4-0, а Меси постигна два гола, а Иниеста и Фабрегас погодија по еднаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

