Флик разочаран од фудбалерите и судијата по поразот од Реал Сосиедад

Тренерот на Барселона, Ханси Флик не го криеше разочарувањето од поразот против Реал Сосиедад со 1-2.

Германскиот стратег изрази незадоволство од самиот резултат со оглед на тоа како одиграа неговите фудбалери и шансите кои ги креираа, но и од судијата Хесус Манзау.

„Не сум среќен. Разочаран сум, имавме многу чисти шанси, а резултатот не ја одразува играта. Но, ми се доаѓа како игравме. Правевме многу грешки во одбраната, моравме подобро да се браниме. Немавме среќа ни во нападот… Игравме многу добро во последните две недели и мора така да продолжиме“, вели Флик.

Флик се осврна и на судијата за кој критика по натпреварот испрати Френки де Јонг дека е навистина тешко да се комуницира.

„Френки е во право. Тој е мирен и тој е капитен. На теренот е, сака да разговара со него, а не може. Понекогаш и јас сакам да разговарам со четвртиот судија, а не можам, тоа треба да го прифатам. Не знам дали постои недостаток на комуникација со судиите во Шпанија, но со Гил Манзано дефинитивно постои недостаток на комуникација“, додаде германскиот стртег.

Се вчитува...