Тренерот на Барселона Ханси Флик имаше измешани чувства по драматичното реми против Атлетико Мадрид (4:4) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот. „Каталонците“ направија пресврт по лошиот старт и водеа со 4:2 до последните минути, но испуштија победа.
Флик е убеден дека неговиот тим може да слави во Мадрид и да се пласира во финалето.
„Разочаран сум од резултатот поради начинот на кој одигравме по двата примени гола на почетокот. Создадовме многу шанси. Во последните неколку минути дозволивме да настане голема опасност. Атлетико е многу силен тим. Имавме големи шанси да победиме. Треба да разговараме со играчите за грешките што ги направивме во одбраната. Се надевам дека можеме да го поправиме. Ние сме млад тим и сигурно ќе продолжиме да се развиваме. Исто така свесен сум дека можеме да победиме во Мадрид и да се пласираме во финалето“, потенцира германскиот специјалист.“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

