Флик: Сите сме тука за Араухо, тој сам ќе реши кога пак ќе игра фудбал

Барселона вечерва ќе го игра првиот меч во 2026 година, и тоа градското дерби против Еспањол, дуел на кој Ханси Флик пвоторно ќе го нема на располагање Роналд Араухо.

Уругвајскиот интернационалец играше крајно променливо сезонава, а по големата грешка и црвениот картон со Челси побара да му биде дозволено да земе одмор на неодредено време за да го надмине големиот психолошки притисок со кој се соочува. Тој мина неколку дена во Ерусалим, потоа замина за Уругвај, но Араухо од почетокот на годинава повторно е во Барселона и почна да тренира со соиграчите.

Сепак, Флик не сака премногу да избрзува со неговото враќање на фудбалските терени.

„Араухо ќе биде во тимот кога тој ќе реши, тоа не е моја одлука. Сите сме тука за него, знае дека ја има нашата поддршка, но тој мора самиот да пресече и да реши кога пак ќе игра фудбал“, прокоментира стратегот на Барселона.

Се вчитува...