Флик со наредба до шефовите на Барселона да го продолжат договорот со Де Јонг

Тренерот на Барселона, Ханс Флик сака да го задржи холандскиот фудбалер Френки де Јонг уште многу години во Барселона. Германецот се надева дека клубот ќе вложи максимални напори да го продолжи договорот со крајот на сезоната, тврди „Диарио Спорт“.

Флик го гледа Де Јонг како долгорочен проект и постепено го прави сè поважна фигура. Едно од ретките барања на Флик по неговото назначување во Барса беше да го задржи Де Јонг. Тренерот беше убеден дека Холанѓанецот е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа и дека неговата продажба ќе биде удар за тимот. 

Договорот на Де Јонг истекува на лето 2026 година, и Барселона јасно му стави до знаење дека ако не го продолжи наскоро, ќе биде ставен на трансфер листа. Тој минатата година доби понуда за нов, но немаше исказ дали го прифаќа или не, по што од клубот одлучија да го повлечат.

Се вчитува...