Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханс Флик, даде свој коментар за претстојното Светско првенство во Катар 2022 година. Во оваа земја псотои друга култура и други убедувања, нешто што не се вклопува со правата на повеќето земји во Европа и светот.
Организаторите на СП во Катар беа децидни кога станува збор за луѓето кои припаѓаат на поинаква сексуална ориентација од онаа што кај нив е традиционална, па токму поради ваквиот став, со остра порака им се обрати селекторот на фудбалска Германија.
„Имам многу познаници кои би сакале да летаат за Катар, но, се откажале од идејата поради различни причини. Затоа што цените им се недостапни, бидејќи состојбата со односот кон хомосексуалците е неприфатлива, затоа што таму се кршат човековите права, бидејќи таму се маргинализирани малцинствата … Фудбалот треба да биде достапен како за хетеросексуалците, така и за хомосексуалците“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА