Барселона го доживеа вториот пораз во Ла Лига откако загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад во 13. коло со резултат 1-0. Натпреварот го одбележа и контроверзија бидејќи ВАР поништо, што се чини регуларен гол на Роберт Левандовски во 13. минута.
Фанси Флик, германскиот стратег на клупата на Барселона по средбата ја прокоментира и одлуката на судијата да не го признае голот.
„Не бев многу бесен, само малку. Му кажав на судијата дека беше гол и дека донесе погрешна одлука. Не беше офсајд. Да беше голот признат тоа ќе биде друг натпревар.
Одговорноста за поразот е наша. Можевме да играме многу подобро. Бевме добри во првите 15 минути. Не бевме доволно силни, немавме добар ден. Но, го ценам тоа што го направивме до сега. Беше фантастично“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА