Флик: Вината е моја, повредите не се оправдување за овој пораз

Барселона вчера во дуелот со Осасуна го претрпе првиот пораз во сезоната во Ла Лига. „Каталонците“ под нивото го одиграа овој натпревар, и беа поразени со 4-2.

Тренерот Ханс Флик, ја презеде одговорноста за овој пораз и кажа дека и покрај многуте повреди, тој е виновникот за првиот пораз на својот тим во Ла Лига.

„Имавме многу повредени играчи, но тоа не е оправдување. Ако го погледнете составот, имаме само тројца играчи од средниот ред и еден дефанзивец кој може да игра како стопер. Не е лесно, но ја прифаќаме ситуацијата. Го прифаќаме овој пораз. Не одигравме многу добро. Ова за мене беше неочекувано. Ако сакате да обвините некој, обвинете ме мене. Вината е моја, но едноставно морав да го ротирам составот“, изјави тренерот на „Каталонците“.

Се вчитува...