Флик за спорниот гол: Секогаш велам, играјте додека судијата не свирне…

Барселона стигна до лесна победа од 0-3 на гостувањето против Мајорка, но тренерот Ханси Флик јасно стави до знаење дека е незадоволен од прикажаното од неговите фудбалери, особено во второто полувреме во кое Барса имаше двајца играчи повеќе на теренот.

„Искрено, воопшто не ми се допадна натпреварот. Точно е, поведовме и имавме контрола, но она што го видов во второто полувреме, во кое имаше големо незалагање во нашите редови, тоа е недозволиво. Ќе разговарам со сите што беа на теренот, не можам да сум задоволен кога гледам како мојот тим игра со 50-60% од своите можности, без разлика дали противникот има девет играчи или не. Тоа е нешто што не смее да ни се повтори“, изјави Флик.

Трофејниот стручњак го прокоментира и вториот гол на Барселона што го постигна Феран Торес додека домаќините чекаа главниот судија да ја прекине играта поради повреда на главата на еден играч на Мајорка.

„Секогаш им го повторувам истото на моите фудбалери – играјте додека судијата не свирна. Тоа беше случај и овојпат, знам дека сите очекуваа тој да ја прекине играта, но тоа не се случи и ние дадовме гол“, прокоментира стратегот на Барселона.

Се вчитува...