Флик за црвениот на Белингем: Непочит и некултура, треба да учиме од ракометот…

Црвениот картон на Белингам на дуелот Осасуна – Реал Мадрид се уште е главна тема во шпанската фудбалска јавност, па така на прашање на темата денеска одговараше и тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Анчелоти и Белингам тврдеа дека тој не го опцул судијата и дека главниот арбитар воопшто не разбрал што му беше кажано, но Флик смета дека навредите кон арбитрите се очигледни без разлика што точно рекол.

„Од Реал велат дека рекол едно нешто, а судијата разбрал друго. Вистината е дека двете работи се изрази на апсолутно непочитување и некултура. Ако некој ми ја каже било која од тие два работи на мене, секако дека не би ми било пријатно. Јас не сум тој што треба да носи одлуки за такво однесување, она што како тренер можам да го направам е да ги советувам сопствените играчи да не губат време и емоции на разговори со судиите, бидејќи тие одлуки се веќе донесени и нема да е сменат. Постои еден играч кој има право да се објаснува со судијата, тоа  е капитенот. Многу ми се допаѓа ракометот и можеме да научиме многу од тој спорт“, изјави Флик.

Барселона утре се среќава со Рајо Валјекано, а каталонскиот гигант со триумф на тој дуел би се искачил на првото место на табелата.

Се вчитува...