Флојд Мејведер повторно се враќа од пензија

Американскиот боксер Флојд Мејведер кој во текот на професионалната кариера заработи повеќе од 800 милиони долари, повторно ќе се врати од пензија. Од неговиот табор потврдија дека на 28. февруари следната година ќе се бори во Токио, но се уште не е познато кој ќе биде негов противник.

Мејведер во кариерата беше светски првак во пет категории (суперперо, лесна, суперлесна, велтер и супервелтер), а во професионалната кариера победи на сите 50 борби од кои 27 беа со нок-аут.

 

Се вчитува...