Екипата на Шкендија освои важни три бода на гостувaњето во Битола, со кои остана на чело на табелата во ПМФЛ. Тетовскиот тим успеа со еден гол да дојде до победата на тешкото гостување кај Пелистер.
Стрелец на голот беше Флорент Рамадани во првиот дел. Играчот од средниот ред се најде на вистинско место во вистинско време, и успеа да го совлада домашниот голман за водство, и на крај за победа.
Сепак, оваа победа Шкендија „скапо“ ја плати, со оглед дека го загуби Фитон Адеми. Напаѓачот сериозно се повреди и ја напушти играта по првиот дел. Веројатно станува збор за потешка повреда, а дополнителните прегледи ќе покажат колку ќе паузира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА