Флорентино: Десет играчи ми се заканија дека ќе си заминат ако го донесам Конте за тренер

Реал Мадрид експресно ја финишираше потрагата по нов тренер по заминувањето на Зинедин Зидан, откако Флорентино Перез реши на кормилото на „кралскиот клуб“ да го врати Карло Анчелоти. Сепак, првиот човек на Реал обелодени дека пред да се договори со Анчелоти имал разговор и со Антонио Конте, но бил принуден да ги прекине преговорите откако голем број на фудбалери му се заканиле дека ќе си заминат ако екс-тренерот на Интер пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Конте во истиот период си поднесе оставка во Интер, но незгодниот темперамент на трофејниот стратег бил пресуден за тој да не седне на клупата на Реал Мадрид.

„Една од идеите беше Антонио Конте, дури имавме и еден разговор со италијанскиот стратег. Бев изненаден кога во наредните 24 часа дури десет фудбалери ми се јавија со закани дека ќе си заминат ако го донесам Конте за тренер. Беше јасно дека тоа е невозможна мисија, па веднаш го свртев вниманието кон Анчелоти“, изјави Флорентино Перез.

Се вчитува...