Европскиот првак Реал Мадрид со пораз (0-3) од ЦСКА Москва го заокружи групниот сегмент во Лигата на шампионите, а нема да биде на посакуваното место ниту на табелата во Ла Лига на крајот од 2018 година. Но, сепак, претседателот Флорентино Перез се надева дека вториот дел од сезоната ќе им припадне на „кралевите“ и дека на крајот ќе се радуваат на нови трофеи.
На традиционалната божиќна вечера тој се обиде да го смири и двајцата шпански репрезентативци, Иско Аларкон и Марко Асенсио, кои не добиваат голема минутажа кај новиот тренер Сантијаго Солари. Тој им порачал дека се многу важни во концептот на Реал Мадрид и дека клубот на нив смета многу сериозно. Сигурно дека тоа ќе го сфати и тренерот Солари на кого треба да му се наметнат со добри игри.
Иско најави дека сака да си замине, а медиумите во Шпанија тоа го потенцираат и за Марко Асенсио. Сепак, и двајцата имаат валидни договори со „кралскиот клуб“.
?? Plenty of familiar faces at the Santiago Bernabéu. #HalaMadrid pic.twitter.com/CYv8ZSnMes
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) December 14, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА