Реал Мадрид е во моментов во центарот на вниманието во Шпанија, поради тоа што клубот може да добие нов предводник во скоро време. Претседателот Флорентино Перез не е задоволен од работата на Чаби Алонсо, и затоа наводно се обидува познатиот тренер да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Станува збор за Јирген Клоп, кој го врати Ливерпул на врвот на европскиот фудбал, ја врати титулата во Англија, а сега работи во групацијата „Ред Бул“ во која се Лајпциг и Салцбург. Сепак, Перез е уверен дека може да го убеди да се враит на тренерската работа.
Според извори од Шпанија, Германецот би можел да дојде само на крајот на сезоната, односно не во текот на шампионатот. Перез наводно има план да му понуди повеќе од само плата, односно и конкретни засилувања само да дојде на „Бернабе“.
Првата цел е дефанзивец, а во комбинација се Дајо Упамекано и Марк Гуехи. Исто така во средниот ред потенцијални кандидати се Ангело Стилер, Адам Вортон и Кес Смит.
Реал Мадрид верува дека со Клоп и со уште неколку добри засилувања, тимот ќе може да се врати на врвот во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

