Реал Мадрид е во хаотична состојба откако тимот ги загуби сите трофеи оваа сезона и на стартот од март веќе и нема за што да игра освен за честа. Пукна релацијата и меѓу претседателот Флорентино Перез и капитенот Серхио Рамос, откако двајцата си кажале тешки зборови по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите. По ова Рамос се закани и со заминување, а Јувентус веднаш реагираше со потенцијална понуда за дефанзивецот.
Но, шпанските медиуми информираат дека Перез и Рамос вчера имале „мировни преговори“. Биле на вечера и разговарале за сите случувања во клубот. Рамос ја прифатил одговорноста и побарал од претседателот да ја промени кадровската политика за следниот преодек рок. Истовремено и најавил дека ќе влијае позитивно со својот авторитет во соблекувалната и дека ќе побара од фудбалерите да се вложат максимално за надминување на кризната ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА