Флорентино Перез има нов „пик“ за клупата на Реал

Актуелниот европски првак Реал Мадрид се соочува со голема резултатска криза и во моментот се наоѓа на деветтата позиција во Ла Лига, а по заминувањето на Хулен Лопетеги за привремен тренер е назначен Сантијаго Солари. Тој ќе добие шанса на наредните три меча, но претседателот Флорентино Перез ја размислува најдобрата опција кому да ја довери клупата на „кралевите“.

Антонио Конте не се договори со раководството на Реал Мадрид, Маурисио Покетино нема лесен излез од Тотенхем за веднаш да седне на клупата, па Флорентино Перез ги враќа погледите во шпанскиот фудбал. Негов „пик“ е тренерот на Валенсија, Марселино Гарсија Торал. Тој смета дека Марселино би можел одлично да ја контролира соблекувалната, со оглед дека важи за еден од најавторитетните стратези во Шпанија.

Марселино во минатото ја водеше Севилја, потоа беше и на кормилото на Вилјареал, а од 2017 година е на клупата на Валенсија. Форсира напаѓачки фудбал, и тоа е главната карактеристика што го препорачува и за работното место во Реал Мадрид.

Дел од шпанските медиуми најавуваат дека и Леонардо Жардим, поранешниот тренер на Монако, влегува на поширокиот список за нов тренер на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...