Реал Мадрид се соочува со огромна криза во одбраната по новата тешка повреда на Едер Милитао, по што дел од клупските легенди и фановите посочија едно перфектно краткорочно решение – во клубот да се врати Серхио Рамос. Поранешниот капитен е слободен играч и можеше без никакви проблеми пред јануари да потпише договор и веднаш да му се стави на располагање на тренерот Анчелоти, но претседателот Флорентино Перез има поинакви планови.
Информациите од Шпанија говорат дека Рамос преку својот агент самиот ја исконтактирал управата на Реал изразувајќи подготвеност да се врати на „Бернабеу“ и таму да ја заврши кариерата. Тој најавил и дека парите нема да бидат пречка во преговорите, но останаизненаден кога Флорентино Перез без многу размислување ја отфрлил оваа опција. Првиот човек на Реал бил дециден на ставот дека вратата за Рамос е затворена откако тој во 2021 го напушти Реал и потпиша за ПСЖ.
Перез дефинитивно нема да даде зелено светло за ваков трансфер, наместо тоа ќе почека до јануарскиот преоден рок, кога Реал планира да ангажира најмалку две засилувања за одбранта. На врвот на листата се наоѓа шпанскиот репрезентативец Лапорт од Ал Наср, а „кралевите“ сакаат да го доведат и Џонатан Тах од Баер Леверузен, кој ќе има само уште шест месеци од договорот со „фармацевтите“, па би бил достапен за минимална отштета од околу 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА