Флорентино Перез останува претседател на Реал Мадрид најмалку до 2029 година!

Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе добие нов четиригодишен мандат на чело на „кралевите“, со што ќе остане прв човек на најтрофејниот клуб во ЛШ најмалку до 2029 година.

Тој ќе биде единствен кандидат на престојните избори, со што ќе остане на оваа позиција во својот петти мандат по ред на чело на Реал Мадрид, или вкупно седми.

Перез побара отворање на изборниот процес на 7. јануари, и десет дена подоцна документацијата за негова кандидатура беше одобрена.

Перез го презеде кормилото на Реал Мадрид во 2009 година, откако претходно беше од 2000 до 2006 година беше на чело на „кралевите“.

Се вчитува...