Целата сага околу трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал изгледа конечно заврши. Во Мадрид црвениот тепих е подготвен за францускиот напаѓач кој според најавите ќе потпише петгодишен договор со кралскиот клуб. Мбапе и официјално им потврди на челниците на ПСЖ дека нема да потпише нов договор, а Флорентино Перез наводно веќе најавил во соблекувалната дека Французинот доаѓа на лето.
Сепак, тој можеби не е единствениот кој ќе го замени Париз со Мадрид. Реал наводно подготвува нов удар за ПСЖ. Како што пренесува „Фут Меркато“, кралскиот клуб сака да го доведе и „мозокот“ на парискиот тим Луис Кампос. Кампос моментално е вработен како стратешки советник во ПСЖ, но е одговорен и за трансфери.
Инаку, во сезоната 2012/13 година една сезона беше скаут на Реал Мадрид. Колку е ПСЖ подготвен за нов удар, особено што Кампос требаше да го води летниот преоден рок, останува да видиме. Се очекува неколку врвни ѕвезди да го заменат Мбапе. Фокусот е на Виктор Осимхен, Мохамед Салах и Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

