Бразилецот Нејмар на лето дефинитивно нема да направи трансфер од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид. Иако имаше такви најави, сепак, „кралскиот клуб“ нема намера да го ангажира Бразилецот кој минатото лето од Барселона се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра. Причина за ваквата одлука не е повредата на Нејмар поради која викендов ќе биде опериран во Бразил, туку мислењето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дека бразилскиот интернационалец се уште не е дораснат за да биде лидер на „кралскиот клуб“. Оваа информација сепак доаѓа од шпанскиот медиум „Дон Балон“, кој тежи и кон сензационализам.
Флорентино Перез, според „Дон Балон“, се уште верува дека Кристијано Роналдо е лидерот на Реал Мадрид и нема да го продаде најмалку уште една сезона. Потоа може да се очекува нова голема ѕвезда во нападот на „кралевите“, иако има најави дека во летниот преоден рок можно е на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигне Роберт Левандовски или Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА