Флорентино Перез веќе го избра наследникот на Модриќ во Реал

Флорентино Перез реши да не донесе нов плејмејкер како замена за Тони Крос, но првиот човек на Реал Мадрид нема да ја повтори грешката следното лето, кога се очекува во фудбалска пензија да замине Лука Модриќ. Информациите од Шпанија говорат дека Перез веќе го има „пикирано“ наследникот на хрватскиот генијалец и ќе тргне во офанзива по шпанскиот репрезентативец Родри, кој ќе биде главна желба на „кралевите“ летото 2025 година.

Родри важи за клучен играч во тимот на Пеп Гвардиола, фудбалер што блескаше и за шпанската репрезентација на ЕВРО 2024, „граѓаните“ веќе му понудија продолжување на договорот (сегашниот истекува во 2027) со двојно поголема плата, но Шпанецот се уште тактизира во преговорите. Извори блиски до играчот тврдат дека Реал Мадрид е опција што се добива еднаш во животот и Родри не сака да ја пропушти шансата за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Воедно, следното лето истекува и договорот на Пеп Гвардиола и трофејниот стратег лесно би можел да си замине, што би било шанса за и Родри самиот да побара трансфер. Вредноста на овој фудбалер се проценува на 130 милиони евра, пари што Флорентино Перез е подготвен да ги плати за да доведе врвен играч кој би донел баланс во тимот преполн со офанзивни суперѕвезди.

Се вчитува...