Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не отпатува за Лондон за свечената церемонија на доделување на „Златната топка“ која ќе ќе започне вечерва од 20 часот.
Иако Реал Мадрид стави крај на двегодишниот бојкот и вечерва ќе присуствува делегација на „кралевите“ бидејќи Килијан Мбапе е еден од главните фаворити за признанието, шпанските медиуми кои му се наклонети на Реал, се прашуваат дали ова е некаков знак.
Интересно е што Перез не присуствуваше ниту на вчерашното Ел Класико, продолжувајќи го бојкотот и во Барселона замина делегација на пониско ниво, како што ќе биде случај и вечерва со „Златната топка“.
Наводно во соблекувалната на Реал Мадрид постои цврсто верување дека наградата ќе заврши во рацете на Мбапе, додека меѓу шпанските фудбалски фанови, мислењето е дека лауреат ќе биде ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.
Третиот фаворит за „Златната топка“ е напаѓачот на Баерн Минхен и на англиската репрезентација, Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
