Флорентино се премисли: Не го сака Родри во Реал

Флорентино Перез повеќе од две години го следи Родри и неколку пати се обиде да го доведе шпанскиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“, но плејмејкерот најпрвин потпиша нов договор со Сити, а нешто подоцна и заработи тешка повреда на коленото поради која мораше на мине подолг период надвор од терените.

Сега ситуацијата е поинаква, Родри неодамна отворено флертуваше со „кралевите“ изјавувајќи дека „најдобриот клуб во светот не се одбива“ и дека „играњето во Атлетико пред неколку години не би била никаква пречка за негова преселба во Реал“.

Сепак, извори блиски до највисокото раководство на „кралскиот клуб“ тврдат дека сега и плановите на шпанскиот гигант се променети, па Флорентино Перез не гледа на Родри како на приоритет во пресрет на летниот преоден рок. „Кралевите“ сигурно ќе купат нов играч за врска, но во фокусот на вниманието е Енцо Фернандез од Челси.

Аргентинецот е поскапа опција од Родри (се проценува на над 80 милиони евра, додека цената на Шпанецот е 50 милиони евра), но „кралевите“ веруваат дека Фернандез со агресивноста е она што му недостига на тимот оваа сезона.

Во една таква ситуација, не се исклучува можноста Родри да ја одработи и последната сезона од договорот со Манчестер Сити, по што наредното лето 2027 како слободен играч би ја избрал следната дестинација во кариерата.

Се вчитува...