Флоренци потпиша за Милан (ФОТО)

Алесандро Флоренци е нов играч на Милан. 30-годишниот десен бек доаѓа меѓу „росонерите“ на едногодишна позајмица од Рома со можност и за откуп на договорот.

Флоренци, кој ќе го носи дресот со број 25, денеска официјално е претставен како нов фудбалер на Милан, потпишувајќи договор до 30. јуни 2022.

„Милан со задоволство го објавува потписот со Алесандро Флоренци од Рома. Доаѓа на позајмица со можност потоа и за откуп на договорот“ – соопштија од Милан.

Алесандро Флоренци речиси комплетната кариера ја мина во Рома, а минатата година беше позајмен на ПСЖ. Настапувал и за Кротоне и Валенсија. За репрезентацијата на Италија има 45 натпревари и постигнато два гола. Со „Азурите“ ја освои и европската шампионска титула ова лето.

Се вчитува...