Флоренци уште четири години во Рома

Рома се бори за пласман во ЛШ следната сезона, а оваа изненади со настапот во полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување. Раководството на „волчицата“ ќе се обиде да доведе неколку засилувања, но исто така важен сегмент е и да се задржат квалитетните фудбалери во својот состав.

Во таа насока, Рома му понуди нов четиригодишен договор на Алесандро Флоренци. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2019 година, а потписот за обновување на соработката треба да се случи следната седмица.

Оваа сезона Флоренци настапи на 40 натпревари за Рома, постигна еден гол и забележа четири асистенции.

Се вчитува...