Хокеарите на Флорида пантерс за првпат во историјата стигнаа до титулата во најсилната хокеарска лигаво светот, НХЛ. Тие избегнаа да станат само вториот тим во историјата кој загубил водство од 3-0 во финалето, откако на домашен терен го совладаа Едмонтон ојлерс со 2-1 во одлучувачкиот седми меч.
Иако Едмонтон загуби, МВП на плејофот е Конор Мек Дејвид, кој е само шестиот МВП во историјата кој не доаѓа од редовите на шампионите, а прв од 2003 година.
Првиот и единствен пат кога водството од 3-0 беше испуштено во финалето во 1942 година, тоа му се случи на Торонто Мејпл Лифс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА