Флоријан Вирц доби понуда која не може да ја одбие – „пакет“ вреден 250 милиони евра

Нема сомнение дека Флоријан Вирц ќе биде најскапиот фудбалер на Леверкузен досега, овој млад човек покажа исклучителен квалитет и на сите им е јасно дека тој ќе биде носител на германската репрезентација во следните десетина години. 

Единственото прашање е во кој клуб тој сè уште ќе биде носител. 

На сите им е јасно дека тој нема да биде во Леверкузен, се чини дека немале толку квалитетен фудбалер со офанзивни карактеристики уште од времето на Балак, а поради големата инфлација во светот на фудбалот, нема сомнение дека ќе го сруши рекордот. 

Баерн е убедливо фаворит за потписот на Вирц, и поради тоа подготвиле 250 милиони евра. Од нив, 125 милиони евра ќе бидат обесштетување, додека 125 милиони ќе ги добие самиот фудбалер и неговите менаџери за петгодишен договор.

Тој би бил изедначен со платата на Кејн, а би имал повеќе од Кимих, Нојер, Мусиала…

Се вчитува...