Флоријан Вирц дефинитивно не е сигурен за трансферот во Баерн Минхен, откако синоќа беше обелоденето дека германскиот репрезентативец вчерашниот ден го минал во Англија, разговарајќи со раководството на Манчестер Сити околу негов евентуален трансфер во таборот на „граѓаниите“. Последните информации говорат дека Вирц покрај Манчестер го посетил и Ливерпул, при што имал разговори со водечките луѓе на новиот англиски првак.
Весникот „Кикер“ ја обелодени оваа информација, тврдејќи дека Ливерпул е многу сериозен кандидат во трката за Вирц, наспроти пишувањата до неодамна дека Баерн Минхен речиси сигурно ќе биде следна дестинација во кариерата на овој фудбалер. Јавна тајна е дека Ливерпул е во потрага по нов врвен напаѓач на местото на Дарвин Нуњез, но досега како опции беа споменувани Шешко и Исак.
Сепак, Арне Слот има поинакви планови, шампионскиот тренер е убеден дека може да создаде моќно трио од Вирц – Салах – Луис Дијаз, а управата на Ливерпул ќе стори се за да ја исполни оваа желба на холандскиот стратег.
Едно е јасно, трката за Флоријан Вирц допрва се разгорува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

