Јасмин Флури е изненадувачката победничка на спустот што се возеше во Вал Д’Изер откако 30-годишната Швајцарка ги остави зад себе фаворитките за највисок пласман, освојувајќи го првото место со време од 1:43,47.
Она што е интересно, Флури е актуелна светска шампионка во спуст, иако досега во кариерата немаше ниту една победа во оваа дисциплина во Светскиот куп. Впрочем, денешниот триумф е само втор за Швајцарката во кариерата, откако првиот го забележа во супервелеслалом во 2017 година.
Второто место во Вал Д’Изер и припадна на Јохана Хелен со 22 стотинки заостанување, а две стотинки послабо време од Хелен имаше третопласираната Корнелија Хитер од Австрија. Софија Гоџа, која е трикратна шампионка во Светскиот куп во спуст овојпат мораше да се задоволи само со четвртата позиција.
Во генералниот пласман убедливо водство се уште има Микаела Шифрин со 620 бода, пред Брињоне со 457 и Гут Бехрами со 429 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА