Кошаркарите на ФМП Академија стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата откако во второто коло славеа на гостувањето кај веќе отпишаната Струмица со …
Гостите подобро го отворија првото полувреме и по десет минути игра веќе имаа плус шест (20-26). До крајот на првиот дел разликата се зголеми на седум поени и на пауза тимот од Кисела Вода замина со предност од 41-48).
Единтствениот период кој го добија домаќините беше третиот, но само минимално со еден поен, па по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше (66-72). До крајот ФМП само го исконтролира мечот за конечни 92-102.
Смит Меквин со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа 29 поени на Обиквелу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА