ФМП го донесе најмладиот тренер во АБА-лигата

Српскиот клуб ФМП денеска го именуваше Стеван Мијовиќ за нов шеф на стручниот штаб, со што овој 30-годишен стручњак стана најмлад тренер на еден тим од АБА1 лигата.

ФМП пред неколку дена го раскина договорот со тренерот Ненад Стефановиќ, а од неколкуте стратези кои беа опција за негов наследник изборот падна врз најмладиот – Мијовиќ.

Овој стручњак тренерската кариера ја градеше низ младите селекции на Црвена Зведа, потоа беше тренер на јуниорите на Динамик, а во сениорска конкуренција ги водеше екипите на Колубара и на Раднички Крагујевац, од каде доаѓа на клупата на ФМП.

Српскиот тим воедно доведе и едно засилување за играчкиот кадар, откако денеска потпиша договор со американскиот плејмејкер Димитри Робертс.

Се вчитува...