ФМП со соопштение по мечот со МЗТ: „Пештерските луѓе“ фрлаат црна сенка на клубот и АБА

МЗТ Скопје вчера стигна до значајна победа над ФМП со резултат 87-82, огромен триумф за македонскиот првак во трката за бегство од последното место на табелата во АБА-лигата.

По мечот тренерот на ФМП Ненад Стефановиќ, жестоко ги критикуваше навивачите на МЗТ Скопје, поради расистичките извици во текот на првото полувреме на денешниот меч во СЦ „Јане Сандански“, а денеска со соопштение излезе и српскиот клуб.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:

„КК ФМП СокерБет е принуден да се огласи по повод срамните случувања во Скопје. Без било каква намера да ја оспориме повеќе од заслужената победа на МЗТ Скопје и атмосферата која генерално беше доста добра и карактеристична за СЦ „Јане Сандански“.

Поединци решија да уништат една добра и динамична кошаркарска средба. Играчите на ФМП, Ебука Изунду, Чарлс Џенкинс, Чарлс Менинг, и Чарлс Мур претрпеа гнасни навреди од страна на домашните навивачи. Со повици „мајмуни“ и „црнци“ се фрли лоша сенка на клубот и АБА лигата. Ова е веќе трет натпревар на гостувањата каде што наши играчи трпат расни навреди. Голема нејаснотија е тоа што и во домашната екипа има црномурести момчиња. Како што веќе пишувавме во дописите до АБА лигата, потребно е повиците на поединечни „пештерски“ луѓе трајно да запрат“, стои во соопштението.

Се вчитува...